Дома Фудбал Репрезентации Класа потег: Пандев му ги подари копачките на Ристовски

Класа потег: Пандев му ги подари копачките на Ристовски

Нашата селекција синоќа ја совлада Летонија со 3:1 и со победа ги започна квалификациите за ЕП 2020.

Ова за нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев беше 100. настап за селекцијата, а за тоа пред натпреварот од федерацијата доби дрес со бројот 100 и плакета.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Пандев одигра 70-тина минути, а за тоа време покажа дека е вистински лидер и носител на играта на нашата репрезентација. Пандев имаше неколку одлични шанси да се запише во листата на стрелци, но голманот на гостите беше сигурен.

Пандев на овој натпревар настапи со специјални копачки, а на крајот ги подари на нашиот десен бек, Стефан Ристовкси, кој веднаш се огласи на својот Инстаграм профил.

„ПРИМЕР, ИДОЛ, ПРОФЕСИОНАЛЕЦ…Човек со големо срце, честито на 100 натпревари во македонскиот дрес, МАКЕДОНИЈА се гордее со тебе…“ – напиша Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ВАР собата во Македонија го доби конечниот изглед и тој е – најмодерен и светски! (Фото)

ВАР системот веќе се користи во македонскиот фудбал, а во првите две кола видовме и ситуац…