Третиот натпревар од финалната серија помеѓу МЗТ Скопје и Пелистер донесе инциденти на трибините.
Пред крајот на третата четвртина полицијата интервенираше на трибината кај гостинските навивачи. После тие инциденти екипата на Пелистер се повлече во соблекувалната, а по десетминутниот прекин страстите се смирија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес за целата ситуација се огласија од КК Пелистер.
„Соопштени до јавноста, во врска со инцидентот што се случи на трибините за време на натпреварот помеѓу КК МЗТ – КК ПЕЛИСТЕР. Кошаркарскиот клуб Пелистер целосно застанува зад навивачката група Чкембари бидејки истите воопшто не беа причинители за инцидентот.
Нашата навивачка група беше првично нападната од редарите, т.е. од лицата кои на трибините се задолжени да спречуваат инциденти а не да предизвикуваат инциденти.
Најостро го осудуваме овој нивен непрофесионален однос и се надеваме дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви немили настани.
Во Петок ги повикуваме Чкембарите и Битолските љубетли на кошарката во што помасовен број да ја исполнат спортската сала Боро Чурлевски и во една фер спортска и кошаркарска атмосфера да бидат нашиот 6ти играч во целта за изборување на мајсторка“, стои во соопштението од битолскиот клуб.