Дома Останати Тенис Кирјос: Ќе биде катастрофа ако Австралија Опен биде без Ѓоковиќ, Федерер и Надал

Кирјос: Ќе биде катастрофа ако Австралија Опен биде без Ѓоковиќ, Федерер и Надал

И понатаму во јавноста многу се пишува за учеството на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен, тенискиот свет се прашува како ќе изгледа тенискиот грен слем во Мелбурн без најдобриот светски тенисер.

Ник Кирјос во изминатиот период испрати голем број „отровни стрели“ кон светскиот рекет број еден, меѓутоа со оглед на неговото однесување кон Новак даде изненадувачка изјава.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кирјос се надева дека Новак ќе добие зелено светло и потенцираше дека воопшто нема да биде добро турнирот во Австралија Опен биде без него, Надал и Федерер.

„Навистина не знам каква е ситуацијата со Ѓоковиќ и што ќе му биде потребно за да игра на Австралија Опен. Се надевам дека убаво ги поминал празниците и дека ќе може да игра уште долго. И порано кажав дека Федерер, Надал и Новак се потребни на тенисот. Ако никој од нив не биде тука тоа ќе биде катастрофа“, порача Кирјос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…