Ник Кирјос често пати го привлекува вниманието со своето контроверзно однесување и изјави.
Во јавноста преовладува мислење дека Кирјос можеше да направи многу повеќе ако беше посериозен и повеќе посветен на тенисот. Сепак, Кирјос на тоа даде едноставно објаснување, тенисот не е неговата најголема љубов.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„И претходно кажав дека не може секој да биде како Федерер, Ѓоковиќ и Надал. Тројцата се легенди на овој спорт. Нивна глава љубов е тенисот и без него не можат да живеат, јас можам. Мене не ме интересираат грен слем титулите. Моја прва љубов беше кошарката, за жал не можев да го следам тој сон“.
„Не се будам јас секое утро со мисла да бидам подобро, имам 26 години и немам намара да играм уште долги години. Најубавиот период сакам да го поминам со семејството ,девојката и пријателите“, изјави Кирјос.