На 30 дена до стартот на четврото издание на ракометниот камп „Кирил Лазартов 7“, капитенот Кирли Лазаров го комплетираше тимот кој ќе работи со учесниците.

Од 20 јуни до 2 јули во комплексот ” Аквалина” во Охрид ќе се одржи четвртиот ракометен камп ” Кирил Лазаров 7″. Идеен проект на капитенот кој започна во 2015 година и прерасна во еден од престижните светски кампови, како од организаторски така и од содржински аспект. Ракометот како најатрактивен спорт во Македонија ги освојува децата кои својата надоградба ја гледаат со нивното учество на кампот и можноста да учат од Лазаров и неговиот тим.
Иако на почетокот беше замислен како камп во кој би доаѓале деца само од Македонија, името на Лазаров го направи овој камп интернационален. Камп во кој децата првенствено учат ракомет , поделени во неколку групи според возраста и познавањето на овој спорт. Организирани со два тренинзи на ден кои во себе ја носат професионалноста благодарение на тренерскиот тим на капитенот.
„Нашите тренери се еден од поважните фактори кои придонесуваат да имаме успешен и квалитетен камп“, вели Кире Лазаров.
„Сакаме и даваме шанса на сите квалитетни и амбициозни помлади тренери од Македонија кои сакаат да бидат дел од кампот, истовремено благодарни сме за прифаќањето на соработката од нивна страна“.
 
„Покрај тренерските квалитети нашите тренери се пред се професионални и карактерни личности , со меѓусебна соработка и разговори споделуваме многу искуство од своите кариери со што се надоградуваме како индивидуално така и колективно“.
 
„Секоја година имаме и по неколку тренери гости од странаство, од различни европски школи специјализирани и со богата тренерска биографија за работа со помлади категотии..Отворени сме за соработка за да можеме од година во година да го подигнуваме нивото на квалитет од тренерски агол“.
 
„Функционираме како една голема фамилија , а тоа децата знаат да го препознааат, пример кој ќе им служи како одлична насока во иднина не само додека ги градат своите кариери туку воопшто во животот”
Ракометниот камп на капитенот е отворен за сите тренери кои сакаат да бидат дел од него. За сите кои со своето знаење и стручна работа со децата ќе остават впечаток и сами ќе си направат место во тимот како што е случај со актуелните тренери на кампот. Минатата година гости беа тренери од Данска, Германија , Босна и Херцеговина, оваа година, своето искуство ќе го пресат тренери од различни земји.
Морген Вајс некогашниот селектор на младите дански репрезентативци, Патрик Петерсен најнаградуваниот млад дански тренер кој во моментов дел од РК Ајакс Копенхаген. Уште едно големо име во светскиот ракомет Оља Кецман некогашната брилијантна репрезентативка на Југославија денес врвен тренер во женскиот ракомет која доаѓа од Данска. Нашата врвна ракометарка Наташа Коцевска која будселигашкото искуство и оваа година ќе го пренесе на девојките од кампот. Дел од тимот ќе бидат и тренерите кои се задолжени за преку 500 деца од школата за ракомет на капитенот.
На кампот покрај учењето ракомет децата се социјализираат преку заедничкото секојдневие кое им е организирано со многу различни содржини. Им се остава можност да ги покажат сите свои дарби и интереси надвор од теренот.Таму учат како да бидат дибри поединци корисни за општеството. Таму се сите исти без оглед кој од каде доаѓа.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Македонија денес го добива противникот во баражот за пласман на Светското првенство

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го дознае противникот во бараж …