Фудбалскиот институт „ЦИЕС“ објави нова листа на најскапи фудбалери во светот после појавата на коронавирусот.
Цената на играчите е направена на основа на познат алгоритам. Во предвид е земено: Квалитетот на играчот, должината на договорот и стабилноста на клубот за кој игра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Со бројка од 259.2 милиони евра најскап е Килијан Мбапе. Втор на листата е Рахим Стерлинг со 194.7 милиони, а следат Џејдон Санчо (179.1), Трент Александер-Арнолд (171.1) и Маркус Рашфорд (152.3).
По ова може да забележиме дека во топ 5 има дури четворица англиски фудбалери.
Лионел Меси и Кристиано Роналдо кој долги години доминираат во светскиот фудбал се далеку од врвот. Меси со вредност од 100.1 милиони евра е на 21-то место, додека Роналдо е дури на 70-то позиција со 62.8 милиони евра.