Maрко Кизиќ се реши да направи од Битола во Скопје и потпиша на за Еурофарм Пелистер.
Е.Пелистер направи комплетна промена на голманската позиција и на местата на Хендави, Чаневски и Трајковски пристигнаа Секељи, Кизиќ и Ивановски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кизиќ смета дека во Е.Пелистер ќе го има токму она што му е потребно за неговиот развој.
„Еурофарм Пелистер ме убеди со амбициозниот проект, во кој како млад македонски ракометар се вклопив. Ми го понудија баш тоа што ми треба за да го докажам својот потенцијал и да го извадам максимумот од себе.
Запознат сум со овој клуб од поодамна. Секоја година станува се подобар и подобар клуб,. Минатата сезона беше тежок противник, според мене сезонава сме посилни и мислам дека може да се направат уште подобри резултати. Од поодамна го знам Филип Ивановски. Одличен човек и добар голман. Се запознав и со Мартон. Мислам дека ќе има позитивна конкуренција и ќе бидеме место каде може да се напредува“, изјави Кизиќ.