Дома Фудбал Италија Киелини: Треба да играме со почит кон Македонија

Киелини: Треба да играме со почит кон Македонија

Капитенот на италијанската репрезентација, Џорџо Киелини со респект зборуваше за македонската репрезентација пред утрешниот дуел во баражот за Светското првенство.

Киелини меѓу другото изјави дека е спремен да игра и повика на сконцентрираност бидејќи Македонија не е случајно во баражот.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Мора да играме со почит, бидејќи фудбалерите на Македонија се добро познати во своите клубови. Треба само да бидеме свои, да го играме нашиот фудбал и да го правиме тоа смирено. Треба да ги контролираме емоциите, бидејќи пред четири години доживеавме големо разочарување“, изјави Киелини.

„Добро сум, тренирав добро и среќен сум што сум тука. Имаме уште еден тренинг, селекторот ќе го направи својот избор, но јас сум на располагање“, додаде Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Големото засилување на Јувентус има скршеница на реброто

Најголемото засилување на Јувентус ова лето, Теун Копмајнерс, има скршеница на реброто од …