Дома Фудбал Англија Кејн: Нема да дозволиме Челзи да собори рекорд против нас!

Кејн: Нема да дозволиме Челзи да собори рекорд против нас!

Фудбалерите на Тотенхем немаат намера да бидат последниот противник на градскиот ривал Челзи, со кој „сините“ ќе станат првиот англиски клуб кој победил 14 натпревари во низа во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Сигурно не сакаме да бидеме тимот со кој Челзи ќе го собори рекордот. Пред малку разговаравме токму за тоа во соблекувалната и е неизбежно да размислуваме за тоа. Целосно сме концентрирани и немаме намера да се предаваме“, изјави Хари Кејн.

„Сега сме подобри од минатата година и тоа докажува дека се движиме по вистинскиот пат. Веќе сме посилни и поискусни. Се надевам дека ќе го покажеме тоа и во вториот дел од шампионатот“, додаде напаѓачот на „спарси“.

Големото дерби помеѓу Тотенхем и Челзи е на програмата вечерва во 21 часот!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА на помалку еден месец до почеток исфрли судија од Мундијалот!

ФИФА презеде драстичен чекор пред претстојното Светско првенство, откако одлучи да го отст…