Македонскиот фудбалер кој го носи дресот на Келн Дарко Чурлинов добил понуда за професионален договор.
Келн се најде во проблем затоа што Чурлинов кој игра се подобро има „младински договор“, а прикажува одлични настапи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германците пишуваа дека Чурлинов веќе сака да добива шанса и постојано да биде во првиот тим. Ќе потсетиме тој веќе дебитираше во Бундес лигата во натпреварот против Волфсбург кога доби 20-тина минути. Ако одлучи да ја промени средината наводно во прв план засега е Штудгарт.
Меѓутоа сега директорот на Келн потврди дека Чурлинов добил понуда да потпише професионален договор.
„Разговаравме откако се врати од Македонија, пред него е понуда за професионален договор. Се надевам дека ќе направи правилен избор. Ние имаме желба и понатаму да соработуваме. Не се сомневаме дека во него има потенцијал“, изјави Армин Вах.
Чурлинов неодамна постигна два гола убедливата победа на младинската селекција на Македонија против Фарски Острови од 7:1.
Во Келн каде што кажавме дека веќе дебитираше, Чурлинов е некаде измеѓу. Во последниот викенд играше за младинскиот тим, меѓутоа потоа тренираше со првиот тим.
Останува да видиме дали сега кога веќе е потврдено дека има понуда, Чурлинов ќе се реши да продолжи да настапува во Келн и со овој клуб да го потпише првиот професионален договор.