Дома Фудбал Италија Кедира се врати на тренинг во Јувентус, но за него во Торино нема место

Кедира се врати на тренинг во Јувентус, но за него во Торино нема место

Германскиот фудбалер Сами Кедира се врати на тренинг во Јувентус.

Искусниот играч тренира со Јувентус, но тој одамна е отпишан и Андреа Пирло не планира да го користи во новата сезона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Иако само што се опорави од повредата, тоа нема ништо да промени. 33-годишнио играч мора да бара нов клуб и со Јувентус преговара за предвремен раскин на договорот.

Кедира пристигна бесплатно од Реал Мадрид пред пет години, а договорот му истекува следното лето. Му останува уште една година од договорот, но тој или мора да најде нов клуб или ќе ја помине сезоната на трибините.

Новинарот на Скај Спорт Италија, Ди Марцио открива дека Јувентус се најдева дека ќе постигне договор со некој клуб и една година порано ќе ја заврши соработката со Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Верaти има нов клуб, но не ја смени земјата

Марко Верaти е нов фудбалер на Ал Духаил. Италијанецот на овој начин ја продолжува кариера…