Дома Фудбал Репрезентации Кедира: Алегри е најдобриот човек кој сум го запознал во фудбалот

Кедира: Алегри е најдобриот човек кој сум го запознал во фудбалот

Сами Кедира на 34 години одлучи да стави крај на кариерата, тоа го направи поради недоволната мотивација и здравствените проблеми поради кои не можеше да игра во препознатливата форма.

Во кариерата Кедира ги освои сите најважни титули на клупски и репрезентативен план, а посебно ќе се сеќава на периодот поминат во Јувентус.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Кедира во Јувентус го запознал и најдобриот човек за него во фудбалот, Масимилијано Алегри.

„Алегри е најдобриот човек кој сум го запознал во фудбалот. Со него бев близок и кога мојот италијански беше лош. Едноставно имаше клик помеѓу нас. И денес зборуваме за фудбалот, животот, патувањата, храната, омилените вина…Потребно ќе му биде да го рестартира тимот кој го презема, меѓутоа Јувентус со него повторно ќе победува и ќе биде фаворит за Скудетото“, изјави Кедира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Модриќ по ремито со Пиза: Сами сме си виновни за ова!

Лука Модриќ не го криеше разочарувањето откако Милан не успеа на домашен терен да ја побед…