Дома Фудбал Останато Катаи човек на одлука во „вечното дерби“, Црвена Звезда освои двојна круна!

Катаи човек на одлука во „вечното дерби“, Црвена Звезда освои двојна круна!

Фудбалерите на Црвена звезда го освоија Купот на Србија откако вечерва на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград го совладаа најголемиот ривал Партизан со 2:1.

По освојувањето на титулата српскиот шпампион пред Партизан во лудата завршница на сезоната, црвено-белите го земаа вториот трофеј и му зададоа жесток удар на најголемиот ривал.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Од првата вистинска шанса во игра, Звезда поведе. Се играше во 24. минута кога Александар Катаи погоди за предност од 1-0. По примениот гол, Партизан започна да игра нешто подобро. Сепак, црно-белите немаа вистинска завршница и на пауза заминаа со резултат 1:0 во корист на домаќините.

Многу прекини беа забележани во воведните минути од вториот дел, а во 61. минута Партизан погоди од првата добра прилика стрелец беше Урошевиќ.

Иако Партизан беше подобар тим, Црвена звезда дојде до ново водство во 72. минута. По одличен контра напад, Катаи илзезе еден на еден и го постигна својот втор гол на натпреварот со што го постави и конечниот резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Квартет засилувања од 150 милиони за Чаби Алонсо

По разочарувачката сезона без освоен трофеј во која дополнително Барселона зададе четири б…