Додека со репрезентацијата на Бразил го чека мечот со Перу играчот за врска на Реал Мадрид, Касемиро даде интервју за една шпанска телевизија.
Касемиро во овој момент е со Бразил во Перу каде што ќе го игра натпреварот од 2. коло во јужноамериканските квалификации за Светското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зборуваше Касемиро за моменталната форма на Бразил, ги пофали соиграчите и селекторот, зборуваше и за Реал Мадрид, а внимание привлече и со тоа што објасни дека не се презива Касемиро.
„Ретко кој знае дека не се презивам Касемиро. Кога играв во Бразил на еден натпревар луѓето почнааа да ме викаат Касемиро. Одиграв одличен н меч и одлучив да продолжат така да ме викаат“, изјави Бразилецот.
Откри и како го избрал бројот 14.
„Кога се вратив откако бев во Порто ми кажаа да бирам помеѓу 21 и 14. Не размислуав многу, ја земав 14-ката поради Чаби Алонсо и Гути. Тоа беа играчи со кои растев и од кои учев“, изјави Касемиро.