Фудбалерот на Јувентус, Паоло Дибала изминатите неколку месеци се поврзуваше со трансфер во редовите на Реал Мадрид и Барселона.
Двата тима се обидуваа да ја доведат ѕвездата на Јувентус во своите редови, но на крајот не успеаа во тоа. Дибала остана во Јувентус, каде што и ја доби легендарната „десетка“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, контроверзниот италијански фудбалер, Антонио Касано, тврди дека Аргентинецот нема квалитет за да настапува за Барселона или Реал Мадрид.
„Според мене Дибала не може да игра за Реал или Барселона. Сеуште не стигнал до нивото на квалитет на овие две екипи“, изјави Касано.
Касано веќе една година е без клуб, а во кариерата настапуваше за Реал Мадрид, Рома, Интер и Милан, а во последно време вниманието на себе го привлекува само со изјави во медиумите.