Дома Фудбал Останато Карлос се потсети на првиот ден во Мадрид: Имав 23 години, тој ден нема никогаш да го заборавам

Карлос се потсети на првиот ден во Мадрид: Имав 23 години, тој ден нема никогаш да го заборавам

Роберто Карлос веројатно е најдобриот лев бек на сите времиња, сега тој се потсети на денот кога пристигна во Реал Мадрид.

Карлос претходбо беше член на Интер, но кога премина во Реал дојдоа неговите најдобрите денови. Како што самиот изјави, првиот ден во Мадрид нема никогаш да го заборави.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Постои слика во мојот дом направена на денот кој никогаш нема да го заборавам. Сликана е во 1996 година кога Реал Мадрид ме купи од Интер. Пред тој ден никогаш не бев во Мадрид. Имав 23 години. Кога слетав не отидов да видам каде ќе живеам, не отидов ниту на „Сантијаго Бернабеу“ отидов со неколку новинари на Плажа Де Сиблес. Го гледав тоа место претходно само на слики, но знаев дека тоа е посебно место. Таму Реал Мадрид и Шпанија ги слават трофеите“.

„Одењето на тоа место во Мадрид е исто како во Рио веднаш да отидете да ја видите статуата во Рио. Бев возбуден и таму новинарите ме сликаа. Таа слика ме потсетува на времето во Реал. Ја имам дома, а Мадрид и понатаму е мој дом“.

„Дебитирав против Депортиво пред 80.000 луѓе и постигнав гол. Се прашав каде сум и што ќе се случи. Бев исплашен да не направам грешка, но тоа беше најубавиот ден во мојот живот“.

Две години подоцна следеше финалето, титулата и еден од неговите најубави денови во животот.

„Две години подоцна игравме финале во Лигата на шампионите против Јувентус. Бевме лоши во првенството и Реал ја немаше освоено ЛШ 32 години. Сите бевме исплашенеи, не можев да спијам цела вечер пред финалето. Победивме и славевме на Сиблес. Имаше повеќе од 100.000 луѓе тоа е мојот омилен момент во Мадрид“, напиша Карлос во текстот за „Player tribune“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…