Во недостаток на спорт поради пандемијата од коронавирусот расправата за најдобар фудбалер на сите времиња е една од главните теми. Сега во таа расправа се вклучи и легендарниот Бразилец, Роберто Карлос.
Бразилската легенда смета дека ниту Кристиано, ниту Меси не се најдобри. Како најдобар го наведе неговиот сонародник Роналдо со кој во 2002 година стана светски шампион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тој човек доминираше на тренинзите. Беше најдобар и никој никогаш нема да биде како него. Ниту Нејмар, ниту Кристиано, а ниту Меси не можат да се споредуваат со него. Беше единствен“, изјави Карлос.
Како аргумент го наведе тоа што во негово време според него играле посилни играчи во одбраната.
„Мислам дека тогаш беше потешко да се постигне гол, дефанзивците беа навистина силни, но Роналдо сепак правеше се што ќе посака“, порача Карлос кој пет години го носеше дресот на Реал.
Неодамна Роналдо пак изјави дека е срамно тоа што играч како Карлос никогаш не ја освоил Златната топка.