Дома Фудбал Светско првенство во фудбал „Кариоките“ лути: Целиот Мундијал е борба на ФИФА против Бразил!

„Кариоките“ лути: Целиот Мундијал е борба на ФИФА против Бразил!

Милорат Мажиќ, еден од најдобрите судии во светот во овој момент заедно со своите помошници Милован Ристиќ и Далибор Ѓурѓевиќ ќе ја дели правдата во четвртфиналето на Мундијалот во Русија помеѓу Бразил и Белгија.

Бразилците не се воодушевени од фактот што правдата ќе има ја дели судијата кој оваа година судеше во финалето од Лигата на шампионите, а минатата финалето од Купот на конфедерациите.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Новинарите од бразилскиот „Глобо“ не пропуштаат да потенцираат дека не му додели ниту жолт картон за она што Рамос му го направи Салах, кој теренот го напушти во солзи. Според нив дискутабилна е и одлуката да го поништи казнетиот удар за Сенегал на натпреварот со Колумбија на Мундијалот, после употребата на ВАР.

Навивачите на Бразил сметаат делегирањето на Мажиќ на нивниот натпревар всушност е борба на ФИФА против нив.

„Зарем да ни суди Србин? Бразил ја елиминираше Србија, сега се обидуваат српски арбитар да го елиминира Бразил. Цел турнир е борба на ФИФА против Бразил. Ќе биде вистинско чудо ако бидеме шампиони“, тврдат навивачите на „Кариоките“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Светското клупско првенство носи три измени на правилата – еве за што се работи

Годинешното Светско клупско првенство ќе се одржи од 14 јуни до 13 јули во Соединетите Аме…