Дома Македонски спорт Карачиќ: Се ме потсетува на 2017 година

Карачиќ: Се ме потсетува на 2017 година

Ракометарите на Вардар утре ќе го играат полуфиналето на фајнлфор турнирот во Келн, а противник ќе им биде шпанска Барселона.

Вардар веќе трета година во низа е дел од турнирот на најдобрите четири екипи во Европа. Минатата година во Келн пристигнаа како шампиони со одреден притисок. Оваа година вардарци немаат таков притисок, Игор Карачиќ таквата ситуација го потсетува на шампионската 2017 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Карачиќ ја смета Барселона за најсилен тим на фајнлфор, но и покрај тоа тие утре ќе го дадат максимот и ќе се обидат да ја израдуваат македонската спортска јавност.

„Ситуацијата во кој сме сега ме потсетува на 2017 година. И тогаш дојдовме без никаков притисок со желба да изненадиме, а на крајот го освоивме трофејот. Минатата година дојдовме како шампиони и имавме притисок, сега нема што да изгубиме. Играме против најдобриот тим во светот, имаат фантастични играчи, но ние покажавме срце и карактер дека можеме да играме со секога. Ќе дадеме се од себе да се пласираме во финалето“, изјави Карачиќ.

Вардар натпреварот против Барселона го игра утре од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…