Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер отвори една дебата со изјавата дека Вирџил Ван Дајк е подобар стопер од Немања Видиќ.
„Рио и Тери имаа исто така лоши сезони во кариерата, како и сите други играчи. Ван Дајк сега игра една таква сезона. Сепак, ниту еден стопер во Премиер лигата нема такво влијание на играта на својот тим како што има Ван Дајк.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ван Дајк е многу подобар стопер од Видиќ кој беше фантастичен, но ги заборавивте ли неговите дуели со Торес?“, гласеше изјавата на Карагер.
На Карагер му одговори поранешниот партнер од одбраната на Видиќ, Рио Фердинанд.
„Го видов твитот на Џејми дека Вирџил е подобар од Немања. Ми се чини дека Торес даде три гола против Видиќ на 15 натпревари. Мислам дека е мит.
Да, Немања имаше некои спорни моменти, тој беше исклучен неколку пати, но беше претерано и се зборуваше како Торес го мачел секој пат. Рашфорд даде шест гола на 13 натпревари против Ливерпул, дали тоа значи дека си поигрувал со Ван Дајк?“, зборуваше Фердинанд.
Let’s join this debate…. 👀😂
— Rio Ferdinand (@rioferdy5) April 10, 2023
Torres v Vidaaaa
Rashford v VVDhttps://t.co/NhBWBxVgsK https://t.co/p0KxaaTxRR pic.twitter.com/s28p8uCOaH