
Резултатите од Фиренца, но и Џенова, не се охрабрувачки пред евентуалното продолжување на Серија А.
Како што објавија медиумите во Италија, тројца играчи на Фиорентина се позитивни на Ковид-19 пред почетокот на тренажниот процес.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Фиорентина беше меѓу најпогодените клубови на почетокот на пандемијата со 12 случаи, но сите се опоравија, но во меѓувреме се заразија уште тројца. Фудбалерот на Фиорентина, Герман Пецела се наведуваше како еден од тројцата заразени, но набрзо упати демант преку Твитер.
„Гласините кои кружат за мене за среќа се лажни, тестот помина добро. Мора да бидете внимателни кога зборувате за одредени работи.“ – напиша Пецела.
Инаку, Пацела се вклучи во помош на другарите, па некои од своите дресови одлучи да ги продаде, а парите од истите ќе ги донира во болниците кои водат жестока борба со опасниот вирус.