Челси со победата против Реал Мадрид обезбеди пласман во финалето на ЛШ. Лондонскиот тим во двата натпревари славеше со вкупни 3:1.
Еден од јунаците на Челси беше Нголо Канте кој одигра докторски натпревар и ја воодушеви фудбалската јавност.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Французинот беше на мета на неколку клубови претходното лето. Челси добиваше и понуди поголеми од 50 милиони евра, меѓутоа сите беа одбиени, а синоќа се покажа и зошто таа одлука била правилна.
Навивачите беа воодушевени од Канте и му приредија пречек после натпреварот.
Евидентно е дека после синоќешниот натпревар против Реал, Канте ќе има посебно место во срцата на навивачите на Челси.