Дома Фудбал Германија Како ќе изгледа Баерн наредната сезона, играчите за тренер го сакаат поранешниот капитен!

Како ќе изгледа Баерн наредната сезона, играчите за тренер го сакаат поранешниот капитен!

Тимот на Баерн Минхен во летото кое следи би можел да претрпи големи промени.

Прво, изгледа ќе мораат да се помират со заминувањето на Роберт Левандовски кој инсистира на заминување, негова наредна дестинација се очекува да биде шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во клубот ќе пристигне Леон Горецка, а многу веројатно и Макс Мајер, се браат уште неколку млади германски играчи, но вистинското прашање е кој ќе го замени полскиот напаѓач.

Ако Реал плати повеќе од 100 милиони евра колку што Баерн бара, мети се очекува да бидат Алваро Мората од Челзи и Тим Варнер од Лајпциг.

Од останатите напаѓачи се споменуваат Кавани кој претходно беше желба на клубот од Минхен, но изгледа дека Ургуваецот не се вклопува во замислите за подмладување на екипата.

Германските медиуми пишуваат и дека во случај на добра понуда може да замине и Артуро Видал. Можеби и повторно шанса би добил Ренато Санчез кој се враќа од неуспешната позајмица.

Отворено останува прашањето и кој ќе седне на клупата на Баерн. Тухел ги одби, Нагелсман изгледа е премлад, се споменуваа и уште неколку имиња, а одредени медиуми пишуваа и дека поранешниот капитен Филип Лам би можел да добие шанса како тренер, иако тоа е повеќе е само желба на неговите поранешени соиграчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Виктор Осимен со изборот на новиот клуб ќе го “замрзне” Неапол

Виктор Осимен е во сензационална форма за Галатасарај оваа сезона за време на неговото отс…