Дома Фудбал Останато Како ќе било ако Роналдо тогаш не се врател во Лисабон? Ова е детал кој можеби ја променил историјата!

Како ќе било ако Роналдо тогаш не се врател во Лисабон? Ова е детал кој можеби ја променил историјата!

Напаѓачот на Јувентус Кристиано Роналдо сигурно е еден од најдобрите фудбалери во историја, а времето во пандемијата го минува со своето семејство во Мадеира.

Роналдо на најголемата светска сцена беше лансиран од Манчестер Јунајтед, но денес медиумите потсетија на еден момент од пред 20-тина година кој можеби е клучен во текот на кариерата на Португалецот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, Роналдо веќе пристигнал во Лисабон, но после некое време поминато таму не сакал да остане. Малку недостасувало Роналдо да не се врати во Лисабон каде што веќе бил стациониран  откако после Национал 1997 дојде во Спортинг.

Роналдо во Лисабон се сретнал со голем проблем кој го донел преминувањето од мало во поголемо место. Главната улога тогаш ја одиграл психологот во Спортинг, Жоао Маркеш де Фреитас.

„Му беше тешко да се прилагоди во Лисабон бидејќи луѓето како него кои доаѓаат од Мадеира имаат поианков акцент. Кристиано имаше проблем во училиште, му се смеаа, а тој се противеше. Во еден момент си отиде, но за среќа се врати“, раскажа Маркеш.

Роналдо на кратко го напуштил Лисабон и се вратил дома со намера да не оди повеќе во Лисабон. Меѓутоа тогаш следел разговор и со неговиот кум Фернан Баросо Соуза, тој разговор променил се, Роналдо седнал во авион и се вратил во Спортинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатно: Нејмар во ПСЖ добивал по 200.000 евра за аплаудирање на навивачите

Иако поминаа седум години трансферот на Нејмар од ПСЖ во Барселона се уште знае да биде те…