Дома Фудбал Останато Како судиите го погребуваат фудбалот, до кога ќе бидеме заложници на овие луѓе? (Видео)

Како судиите го погребуваат фудбалот, до кога ќе бидеме заложници на овие луѓе? (Видео)

Навивачите ширум светот се бесни после исходот на полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, бидејќи судиите директно влијаеа на дури три од четири финалисти.

„Судиските грешки се составен дел од фудбалот“, ова е реченица со која фудбалските организации со години ги оправдувале арбитрите после големите грешки кои ја менуваа историјата на Светските првенства, Лигата на шампионите и останатите големи натпреварувња.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалот сигурно не би бил ист без „божјата рака“ на Марадона или „фантомскиот гол“ на Џеф Харст во финалето на Светското првенство во 1996 година кога на Англичаните им ја донесе титулата светски шампион.


Точно е, донекаде тоа дава и дополнителн сјај на фудбалот, но неправдата и катастрофалното судење се далеку од ретки грешки кои некогаш беше тешко да се забележат, а за некои постојат и големи дилеми „дали било или не било“.

Но, она што го видовме во полуфиналињата од Лигата на шампионите и Лигата на Европа не само што не дава шмек на фудбалот, туку целосно го деградира и уништува. Судиите стануваат главни актери на натпреварите и УЕФА сигурно дека мора нешто да превземе.

ФИФА после смената на Сеп Блатер конечно даде зелено светло за видео технологијата, а истата после одлуката на новиот претседател Џани Инфатино ќе биде користена и на Мундијалот во Русија.

Се поголем број првенства го прифаќаат ВАР, исклучок е Премиер лигата во Англија, но се користи во ФА Купот.

Сепак главното натпреварување – Лигата на шампионите ќе остане без видео технологијата и наредната сезона бидејќи ВАР не беше усвоен во измената на правилата за сезоната 2018/2019. Па така веројатно ќе имаме нови ситуации како и во овие полуфиналиња.

Марсело во финишот од првото полувреме во реваншот помеѓу Реал Мадрид и Баерн играше со рака во казнетиот простор, а и самиот призна дека тоа било пенал за Баерн. Сепак судијата не се огласи.

Доколку Баерн во тие моменти добиеше пенал и истиот беше реализиран уште тоаш Германците би имале резултат за продолженија, а подоца голoт на Родригез ќе им беше доволен за финале.

И претходнго имаше сомнителни моменти кога Левандовски после контактот со дефанзивците на Реал падна во казнетиот простор.

Што да се каже за грешките на судиите во натпреварот помеѓу Рома и Ливерпул. На „волчицата“ не и беа досудени два чисти пенали. Доколку беа досудени и реализирани Рома со 6:2 би се пласирала во финалето.

Самиот словенечки судија Дамир Скомина според италијанските новинари по натпреварот во соблекувалната не можел да си прости себе си за погрешните одлуки кои ги донел.

И полуфиналето во Лигата на Европа беше решено после судиска грешка. Во завршницата од второто продолжение рускиот арбитар, Сергеј Карасев додели непостоечки корнер за Марсеј после кој беше постигнат одлучувачкиот погодок.

Веднаш потоа следуваше нова грешка, кога Амаду Хајдар заработи црвен картон за обичен, нешто посилен дуел.

Многумина навивачи ширум светот се бесни поради грешките и неправдите. Посебно тоа е случај со навивачите на оштетените клубови.

Изгледа дека е конечно време да се спречат грешките и победникот на натпреварите да не го одлучуваат судиите и нивните лоши изданија, туку играчите како што тоа секогаш треба да биде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Игуаин го промени спортот. Oсвои турнир и доби награда од 300 долари

Гонзало Игуаин одигра речиси 800 натпревари во својата блескава кариера и постигна вкупно …