Луис Назарио Да Лима Роналдо без дилеми е еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, а и тој како и многу Бразилци сакаше да го поминува времето по луди забави надвор од теренот.
Роналдо и покрај тешките повреди имаше голема кариера, а кој знае каде ќе му беше крајот ако медицината во тоа време беше развиена како денес. Бразилецот сакаше добра забава, а тоа го потврди и Алесандро Пато.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тогаш во Милан играа Роналдо и Кака. За разлика од Роналдо кака беше познат како некој на кого религијата му е на прво место.
„Пред мене стоеше Кака. Дојде Роналдо и ме праша како сум, па ми кажа: Треба да одлучиш, треба да дојдеш во мојата група и ми го покажа Плејбој магазинот или да го избереше Кака…“, раскажа Пато.
Пато не откри која група ја избрал, но уште еднаш само потврди дека Роналдо надвор од терренот сакаше луди забави.