Дома Фудбал Италија Како Роналдо го изненадил Јувентус: Не очекувавме да замине, не можевме да го спречиме

Како Роналдо го изненадил Јувентус: Не очекувавме да замине, не можевме да го спречиме

Португалскиот напаѓач Кристиано Роналдо изненади со својата одлука во самиот финиш од преодниот рок да го напушти Јувентус.

Роналдо во Јувентус пристигна летото 2018 година од Реал Мадрид и имаше договор уште една година и се очекуваше да остане во Јувентус кога веќе сезоната започна, иако во текот на летото имаше шпекулации за неговата иднина.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Со својата одлука која ја донел на неколку дена пред крајот на преодниот рок Роналдо ги изненадил луѓето во клубот.

За таа ситуација сега во медиумите зборуваше директорот на Јувентус, Федерико Черубини.

„Не изненади затоа што не очекувавме да замине кога веќе сезоната започна. Побара состанок и ни кажа дека веднаш сака да замине, не можевме да го спречиме“, изјави Черубинми.

Јувентус немаше многу време да бара негова замена, пристигна Моис Кин од Евертон.

„Го доведовме Кин од Евертон, но сакам да кажам дека тој не е замена за Роналдо, туку дел од новиот проект на клубот со кој сакаме да освојуваме трофеи“, заклучи Черубини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Проблем за Аргентинците: Меси се пожали на повреда

Репрезентацијата на Аргентина го победи Чиле со минимални 1:0 и така се пласираше во нокау…