Златан Ибрахимовиќ на почетокот на минатата сезона пристигна во Манчестер Јунајтед, а неодамна се врати на терените после тешката повреда на лигаментите од коленото.
Ибрахимовиќ е познат по своето карактеристично однесување кое не се промени со неговото доаѓање на Островот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Неговиот соиграч Хуан Мата откри инетресни детали од првата средба на Ибра со економот на „црвените ѓаволи“, летово 2016 година.
„Бевме на припреми кога Ибрахимовиќ пристигна во клубот и требаше да се види со економот за да му ги даде копачките. Никогаш претходно се немаа сретнато и Ибра тоа го искористи за целосно да го извади од такт. Го погледна оштро и му рече: ’Се надевам дека ти е јасно дека Бог пристигна во солблекувалната’“, открива Мата.
„Економот само го погледна и не му беше јасно што се случува. Дури кога Златан почна да се смее атмосферата се промени. Тогаш свативме дека има карактеристичен хумор“, додаде Шпанецот.