Дома Останати Како да е на погреб: Хрватите бесни на коментаторот на „Арена Спорт“ 🎥

Како да е на погреб: Хрватите бесни на коментаторот на „Арена Спорт“ 🎥

Екипата на Стефан Ристовски и Аријан Адеми, Динамо Загреб, вчера забележа победа во Лигата на шампионите против Салцбург со 0:2.

Токму Ристовски беше еден од најзаслужните со своите две асистенции, а по натпреварот ја доби и наградата за играч на натпреварот.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Но, по натпреварот во регионот привлече внимание и преносот на „Арена Спорт“ и тоа поради коментаторот на телевизијата. Имено, хрватската јавност не пропушти да ја забележи разликата која ја имаше во односот кога австрицијте напаѓаат и кога Динамо постигнува голови.

„Среќа што не постигнавме уште некој гол, коментаторот ќе си дадеше отказ пред истекот на 90 минута“, „Неверојатно е колку коментаторот го мрази Динамо. Цел натпреварт зборува нешто, а за секоја шанса на Салцбург буквално се дере. Кога Динамо постигнува голови како да е на погреб“, „Мачно за слушање…“, се само некои од коментарите оставени под видеото од најинтересните моменти од натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Нов пораз: Фудбалерките незаслужено загубија од Летонија

Женската А репрезентација на Македонија загуби со 2:1 од селекцијата на Летонија на домаше…