Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров и на ова Европско првенство покажа дека е незадржлив за противничките одбрани.
Лазаров со години е еден од најдобрите ракометари во светот, а со 19 погодоци по двете кола, капитенот на македонската репрезентација е на третото место на листата на најдобри стрелци на ЕП.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Педантните статистичари на ЕП пресметале дека Лазаров има направено одраз од 74 сантиметри и е на делба на првото место во оваа категорија.
Неодамна Роналдо ги импресионираше сите кога на дуелот против Сампдорија се одрази 71 сантиметар, а нашиот капитен има подобар одраз за цели 3 сантиметри од Португалецот.
