Дома Офсајд Каква иронија: Пике ќе мора да носи дрес на кој ќе пишува Шакира

Каква иронија: Пике ќе мора да носи дрес на кој ќе пишува Шакира

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике зад себе има година за заборав, не му оди ниту на клупски, ниту на приватен план.

 Во Барселона добива мала минутажа, односно игра кога треба да се замени некој. На приватен план дојде разводот со Шакира. Сега поради таа ситуација може да се најде во една необична ситуација.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што е познато главен спонзор на Барселона е „Спотифај“, а сега сервисот за музика инсистира место логото на дресот на Барселона да стојат имињата на познатите музички артисти.

Праксата започна со „Ел Класико“ во кое Барса играше со дресови посветени на Дрејк, на дресовите стоеше неговото заштитно лого, златниот буф.

Следен артист кој ќе треба да се појави е погодувате – Шакира! Лошата форма во која игра Пике сега може ќе му донесе и нешто добро, а тоа е што веројатно нема да мора да излезе на теренот со дресот на кој ќе стои името на неговата поранешна сопруга.

Да биде иронијата поголема Шакира на тој начин ќе го промовира својот нов сингл „Монотонија“ кој е посветен токму на разводот со Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Нејмар повторно е во врска со девојката која ја изневерил 92 пати

Бразилецот Нејмар вчера се врати на терените по долгата пауза поради повреда, а медиумите …