Поранешниот бразилски АС Рикардо Кака даде изјава која во овој момент звучи чудно и многумина сметаат дека е тешко да се оствари.
Кака го коментираше својот порашен клуб Реал Мадрид и во таа прилика кажа дека Реал оваа сезона ќе ја освои или Ла Лига или Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според она што видовме на почетокот од сезоната, Реал не најави такво нешто, но Кака порачува дека работите наскоро ќе дојдат на свое.
„Во Реал Мадрид секогаш морате да освојувате трофеи. Затоа Зидан е под притисок. Мора да ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите, тоа се трофеи кои навивачите ги сакаат. Мислам дека Реал има добар и неверојатен тренер спремни се да освојат еден од овие два трофеи“, изјави Кака.
Кака смета дека еден од клучните фактори ќе биде Еден Азар кој се уште не прикажува настапи какви што се очекуваа од него.
„Тој е многу добар и мислам дека во Шпанија ќе има повеќе простор за него отколку во Англија. Кога ќе се навикне ќе ја видиме неговата магија. Азар ќе биде еден од клучните играчи на Реал Мадрид“, порача Кака.
Реал мадрид пред два дена изгуби од ПСЖ во Лигата на шампионите со високи 3:0, а шпанските медиуми после тој пораз најавува дека Зидан наскоро би можел да добие отказ ако нешто брзо не се промени.