Дома Останати Кабиб имперсиониран од Гејчи: Многу паметно се бореше!

Кабиб имперсиониран од Гејчи: Многу паметно се бореше!

Џастин Гејчи изненадивачки, но заслужено го победи Тони Фергусон со технички нокаут и стана привремен шампион во лесна категорија. 

Актуелниот шампион во лесна категорија, Кабиб Нурмагомедов на интересен начин преку социјалните мрежи испрати реакции на оваа УФЦ борба.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Гејчи беше замената за Хабиб, и тој направи изненадување откако со импресивно издание го победи Фергусон со технички нокаут и го доби појасот за привремен шампион.

Кабиб на својот твитер профил напиша прво: „Без коментар“.Неколку минути подоцна, Русинот напиша: „Честитки за Гејчи, беше импресивен, многу паметно се бореше“, а на крајот потврди дека го прифаќа предизвикот да се бори со него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…