Македонскот чувар на мрежата Столе Димитриевски сезонава е во ситуација во која е втор голман во Валенсија, а до минатата важеше за еден од најдобрите во шпанската Ла Лига.
Димитриевски дојде да биде замена на Грузиецот Мамардашвили, но на крајот тој остана на едногодишна позиција од Ливерпул.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За ситуацијата на Димитриевски чудење изрази и шпанска „Марка“.
„Беше прво засилување за Валенсија, бранеше во подготовките и се одеше како што треба за него до моментот кога Мамардашвили остана на едногодишна позајмица. Оттогаш Димитриевски има „нула“ минути и веројатно ќе му биде дадена шанса во некој натпревар од купот. Ситуацијата во која се наоѓа за него воопшто не е лесна. Во текот на летото беше слободен и имаше понуди од други клубови во Шпанија и Европа, но ја избра Валесија да биде прв голман“; пишува „Марка“.
Во изминатиот период Димитриевски одлично бранеше на голот на македонската репрезентација во дуелите со Летонија и Ерменија.