Феноменалниот Мохамед Салах освои уште една награда. Напаѓачот на Ливерпул беше прогласен за „Играч на сезоната во Англија“ во анкетата меѓу британските спортски новинари.
Пред само неколку дена Салах беше избран за број 1 од Здружението на професионални фудбалери, а денес и новинарите го избраа Египаќанецот за најдобар во Англија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Изборот го организираше Асоцијацијата на англиските спортски новинари. Во изборот, Салах ја доби наградата пред играчот на Манчестер сити, Кевин Де Брујн.
Салах ќе ја добие својата награда на специјална церемонија во Лондон на 10-ти мај. Така тој го повторува успехот на Н’Голо Канте од Челзи, кој минатата сезона ги освои двете награди.
Поранешниот играч на Рома стана првиот Африканец кој ја заработува довербата на новинарите од 1948 година, кога започна споменатата анкета.
The Football Writers' Association Footballer of the Year ?
What a season it's been for Mohamed Salah ?
??? pic.twitter.com/0e8lFz400a
— Football on BT Sport (@btsportfootball) May 1, 2018