Дома Македонски спорт И Европа го сака Вардар: Црвено-црните засега доминираат во изборот за идеален тим во ЛШ!

И Европа го сака Вардар: Црвено-црните засега доминираат во изборот за идеален тим во ЛШ!

Тимот на Вардар оваа сезона и покрај проблемите надвор од теренот успеа да се избори за место на фајнл-фор турнирот во Келн каде што во полуфиналето ќе игра против Барселона.

Вардар е вистински македонски бренд во Европа, но очигледно црвено-црните ги собрале симаптиите и на пошироката ракометна јавноста на Стариот континент.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во овие момент во тек е гласањето за изборот на идеалниот тим во Лигата на шампионите за оваа сезона. ЕХФ сега со цел да ги поттикне ракометните фанови да гласаат ја објави актуелната состојба.

На седум дена до објавувањето на конечните резултати Вардар буквално доминира со дури четворица играчи во идеалниот тим, а покрај тоа за идеален тренер е избран Парондо.

Засега место во идеалниот тим за оваа сезона од Вардар имаат: Тимур Дибиров, Иван Чупиќ, Денис Криштопанс и Дејан Милосваљев.

Покрај ракометарите на Вардар во составот место добија Микел Хансен од Пари Сен Жермен, Кентант Мае од Веспрем и Јаник Колбахер од Рајн Некар како пивот. Најдобриот млад играч би бил Лудовиг Фабрегас од Барселона, додека Блаж Благотиншек би бил најдобриот дефанзивец.

Останува да видиме како ќе изгледа овој тим после седум дена кога гласањето ќе заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…