Леонардо Бонучи се наоѓа во центарот на фудбалската јавност поради изјавата после вчерашниот натпревар помеѓу Каљари и Јувентус.
Јувентус во овој натпревар победи со 2:0 во овој натпревар кој на крајот остана во сенка поради случувањата околу младиот напаѓач на „старата дама“, Моис Кин. Кин и Блез Матуиди трпеа расистички навреди од трибините, а потоа младинскиот напаѓач брилијантно им одговори.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кин го постигна вториот гол за „старата дама“ и тогаш застана пред навивачите на Каљари. Меѓутоа поголем скандал се случи после натпреварот и тоа поради изјавата на Леонардо Бонучи кој го обвини својот соиграч.
„Имаше расистички навреди кон Кин, Матуиди исто така се налути поради тоа. Меѓутоа вината е 50:50. Погреши Моис, погрешија и навивачите. Тој треба головите да ги слави заедно со соиграчите. Треба да бидеме пример, треба да напредуваме зедно за фудбалот да функционира во овие ситуации“, изјави Бонучи после натпреварот.
Критики Бонучи добиваше од Балотели и Раиола.
„Браво! А на Бонучи му порачувам само дека имаше среќа што не бев таму. Место да те брани, тој го зборува ова? Човеку, шокиран сум, ти се колнам. Те сака твојот брат“, порача Балотели.
„Ако во клубот постојат личности кои не сакаат да се борат против расизмот тие треба да си заминат. Спортот има важна улога во Италија. Помеѓу самите Италијани постои расизам, но сите молчат за тоа. Бонучи е срам за Јувентус и треба да го продадат“, гласеше изјавата на Раиола.
Сега на оваа тема се огласи и Борусија Дортмунд која со фотографија го „спушти на земја“ стоперот на Јувентус.