Барселона на крајот на сезоната ќе добие нов тренер, а со тоа и тимот ќе претрпи неколку измени, па се очекува да пристигнат и неколку нови имиња на „Камп Ноу“.
Еден од играчите на кого „му фрлиле око“ скаутите на Барселона е 21-годишниот играч на Монако, Томас Лемар кој игра фантастично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Каталонскиот клуб е подготвен да понуди околу 30 милиони евра за францускиот фудбалер од средниот ред кој во досегашниот дел од сезоната постигна 11 голови во сите натпреварувања и запиша 8 асистенции.
Меѓутоа Каталонците ќе имаат силна конкуренција бидејќи за Лемар силен интерес покажува и Пеп Гвардиола кој нема да жали пари да го донесе играчот на „Етихад“.