Дома Фудбал Италија Италија по примерот на Англија: Еве до кога ќе може да се „пазарува“?!

Италија по примерот на Англија: Еве до кога ќе може да се „пазарува“?!

Италијанците ќе го следат трендот на Англичаните, па се чекаат и останатите.

Премиерлигашките го повлекоа првиот чекор. Имено таму на тренерите им се смачи од сезона во сезона подготовките да ги прават со еден тим, потоа по силните трансфери се да се менува дури кога ќе се одиграат воведните неколку кола. Затоа Англичаните го скратија преодниот рок до 9. август, а по нивниот пример и кај Италијанците во иднина нема да има купувања на играчи по почетокот на сезоната.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


А, со оглед на тоа дека следната сезона во Серија А ќе стартува на 19. август, преодниот рок кај нив ќе заврши на 18. август. Ден порано. За разлика од Англичаните, меѓутоа, Италијанците го скратија и јануарскиот преоден рок, па клубовите од Серија А ќе можат да се дополнуваат од 1. до 19. јануари, бидејќи на 20. јануари ќе почне вториот дел од сезоната.

Во Италија инаку се врати и зимската пауза, додека по пример на премиерлигашите, публиката ќе се забавува и на т.н. „боксинг деј“, односно ден по католичкиот Божиќ на 25. декември. Имено, натпреварите ќе се играат на 22., 26. и 30. декември, а потоа следи пауза до 20. јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ретклиф има план кој ќе ги налути навивачите на Јунајтед, но ќе го израдува Аморим

Сопственикот на Манчестер јунајтед, Сер Џим Ретклиф, и покрај слабите резултати на клубот,…