Се до вчерашниот натпревар помеѓу Каљари и Фиорентина кој заврши со победа на гостите од 2:3 постоеше сценарио по кое 10 екипи од Серија А можеа да бидат дел од европските натпреварувања следната сезона.
Сепак, тоа сценарио со победата на Фиорентина повеќе не е можно. Имено, за такво нешто беше потребно Фиорентина да заврши под деветото место и да ја освои Конференциската лига преку која би обезбедила излез во Европа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но, со вчерашните три бода стана јасно дека Наполи кој е десетти не може да ги стигне „виолетовите“, па така максималнито број на екипи кој Италија може да го има во Европа следната сезона се девет, но и тоа зависи од пласманот на Аталанта.
Од тие девет екипи дури шест би биле во Лигата на шампионите, меѓутоа за такво нешто Аталанта во последните две кола не треба на табелата да ги прескокне Болоња или Јувентус. Во тој случај Рома би добила пласман во елитата.