Дома Македонски спорт Италијанците едвај ја чекаат Македонија: Веќе продадени 30.000 билети за натпреварот на „Олимпико“

Италијанците едвај ја чекаат Македонија: Веќе продадени 30.000 билети за натпреварот на „Олимпико“

Фудбалската репрезентација на Македонија во овој репрезентативен циклус ќе игра против Италија и Англија.

Натпреварот против Италија го играме во Рим на 17. ноември. Фудбалската федерација на Италија информираше дека до вчера се продадени 30.000 билети за натпреварот со Македонија кој започнува во 20:45 часот.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Ова значи дека „Олимнпико“ ќе биде преполн, Италијанците сакаат да и помогнат на својата селекција, ако се знае дека Италијанците не не победија на последните гостувања. Во Торино одигравме реми, додека во Палермо славевме историска победа во баражот за Мундијалот.

На натпреварот од овие квалификации тука во Скопје ремизиравме 1:1. За Италија овој натпревар и тоа како е важен во битката за место на Европското првенство, додека Македонија веќе ги загуби шансите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Роналдо стана косопственик на шпански фудбалски клуб!

Oткако две децении во кои доминира на светската фудбалска сцена како играч, Кристијано Рон…