Иднината на Кристиано Роналдо веќе неколку недели е главна тема на Апенините, а медиумите шпекулираа дека може да го напушти Јувентус на крајот на сезоната.
Јувентус имаше слаба сезона како во Серија А, така и во ЛШ, па поради тоа се шпекулираше дека Роналдо може да си замине ова лето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанскиот новинар Клаудио Раимонди синоќа ги откри плановите за иднината на Роналдо.
Раимонди тврди дека Роналдо ова лето нема да ја напушти „старата дама“, туку и следната сезона ќе игра во дресот на Јувентус, по што како слободен играч ќе замине од клубот.
Исто така, тој вели дека Роналдо нема да се пресели во ниту еден од гигантите со кои се поврзува туку Португалецот наводно имал желба кариерата да ја заврши во Спортинг Лисабон, каде што и ја започна кариерата.