Дома Фудбал Италија Италијанските власти отворија и официјална истрага за случајот на Роналдо

Италијанските власти отворија и официјална истрага за случајот на Роналдо

Mинистерот за спорт на Италија, Виченцо Спадафора е убеден дека Роналдо ги прекршил медицинските протоколи при враќањето во Италија.

Властите во Италија сега започнаа и официјална истрага за овој случај. Ако истрагата покажа дека е виновен Роналдо може да се соочи со казна.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Јас сум сигурен дека тој го прекрши протоколот“, гласеше изјавата на Спадароа дадена на 15. октомври.

Сега само го потврди она што го мисли, а Обвинителството во Италија отвори истрага.

„Кристиано не ги почитуваше протоколите. Отворена е официјална истрага од Федералното обвинителство за да се докаже тоа. Вирусот не научи дека никој не може да биде исклучок“, порача сега Спадафора.

Спадафора и Роналдо лично не разговарале.

„Не, немаме разговарано. Ова е непријатна епизода, но тој направи прекршок и тоа е факт“, заврши италијанскиот Министер за спорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…