Дома Фудбал Останато Историски момент: Суперкупот на Европа ќе го суди жена!

Историски момент: Суперкупот на Европа ќе го суди жена!

Првпат во историјата женски судија ќе суди натпревар на машки тимови во некое УЕФА натпреварување.

УЕФА денес одлучи Суперкупот на Европа, помежу Ливерпул и Челзи, кој ќе се одигра во август да го суди Французинката, Стефани Фрапар.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Фрапар ја доби таа чест да го суди дуелот меѓу освојувачот на Лигата на шампионите Ливерпул и победникот во Лига Европа, кој на програмата е на 14-ти август во Истанбул.

35-годишната Фрапар исто така испиша историја и во француската Лига 1 откако стана првата жена која судела меч од првата машка лига помеѓу Амиен и Стразбур. Таа во новата сезона во Лига 1 ќе биде редовно меѓу делегираните судии.

Асистентки ќе и бидат, Мануела Николоси (Франција) и Мишел ОНил (Република Ирска). Четврти судија е Џунејт Чакир од Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатната трансформација на Серена Вилијамс – нема да ја препознаете (Фото)

Иако рекетот го остави пред три години, легендарната Серена Вилијамс не се откажува од нап…