Судот за правда на Европската унија со седиште во Луксембург донесе одлука во полза на иницијаторите за создавање на Суперлигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Оваа одлука во Луксембург денес може да има големо значење за фудбалот во иднина, а за Флорентино Перез кој е главниот иницијатор ова е голема победа против ФИФА и УЕФА.
„Забранувањето на ФИФА и УЕФА за секој проект за ново клупско натпреварување како што е Суперлигата со санкции и забрана за клубовите и играчите е нелегално“, стои во дел од пресудата донесена утрово.
Оваа одлука зсначи дека Флорентино Перез и сите останати иницијатори за формирање на Суперлига имаат отворен пат без закани за било какви санкции од УЕФА или ФИФА. Единственото нешто кое сега е пред Перез е да убеди доволен број на клубови дека проектот е вистински.