Ибрахимовиќ и Бекам синоќа на Инстаграм направија интересна опклада пред денешниот натпревар помеѓу Шведска и Англија во четвртфиналето на Светското првенсво.
Ибрахимовиќ прв се огласи на оваа друштвена мрежа и му предложи на Бекам да се опкладат, односно дека Бекам ќе го одведе на вечера во било кој дел од светот, додека тој треба да му купи нешто ново за новата вила во Лос Анџелес.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бекам се согласи на овој предизвик од страна на поранешниот репрезентативец на Шведска, но внесе мали промени. Имено, во случај Англија да победи, Ибра ќе мора да влезе на „Вембли“ и да ги бодри Англичаните во дресот на оваа селекција, што Швеѓанецот се согласи.
Пред почетокот на натпреварот Бекам одлучи да испрати порака до Англичаните и да им каже дека мораат да победат по секоја цена.
„Ве молам да победите, не сакам да го водам овој човек и да му купам што и да сака за новата вила“, напиша Бекс преку Инстаграм.