Себастијан Фетел имаше непријатност при вториот тест во Барселона и и се заби во оградата откако откажа некој дел на неговиот болид.
Ферари е веќе во втората недела тестирања, а денеска откако комплетираше 40 кругови, Германецот забележа второ најбрзо време во Барселона, па на крајот заврши во заштитната ограда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Синоќа Леклер имаше проблеми со болидот, а денес поголем инцидент доживеа Фетел, па јасно е дека тестирањето на новиот болид не оди по планот.
Од снимката може да се види како откажува нешто на болидот па задниот дел ја губи контролата и Себастијан Фетел продолжува право преку песокот во заштитната ограда.
Поради силината на ударот, Фетел експресно беше пренесен во болница за да бидат направени детални прегледи, а оттаму за среќа пристигнуваат позитивни информации кои велат дека Германецот не стекнал никаква потешка повреда.
Фетел доби зелено светло од докторите да продолжи, а од Ферари исто така соопштија дека причина за сударот е механички проблем.