Дома Останати Авто Мото Инцидент при тестирањето – Фетел пренесен во болница (видео)

Инцидент при тестирањето – Фетел пренесен во болница (видео)

Себастијан Фетел имаше непријатност при вториот тест во Барселона и и се заби во оградата откако откажа некој дел на неговиот болид.

Ферари е веќе во втората недела тестирања, а денеска откако комплетираше 40 кругови, Германецот забележа второ најбрзо време во Барселона, па на крајот заврши во заштитната ограда.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Синоќа Леклер имаше проблеми со болидот, а денес поголем инцидент доживеа Фетел, па јасно е дека тестирањето на новиот болид не оди по планот.

Од снимката може да се види како откажува нешто на болидот па задниот дел ја губи контролата и Себастијан Фетел продолжува право преку песокот во заштитната ограда.

Поради силината на ударот, Фетел експресно беше пренесен во болница за да бидат направени детални прегледи, а оттаму за среќа пристигнуваат позитивни информации кои велат дека Германецот не стекнал никаква потешка повреда.

Фетел доби зелено светло од докторите да продолжи, а од Ферари исто така соопштија дека причина за сударот е механички проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…