Дома Фудбал Италија Интер ја реши Рома на Мурињо за едно полувреме! 🎥

Интер ја реши Рома на Мурињо за едно полувреме! 🎥

Во еден од најинтересните натпревари во Серија А ова коло денес од терминот во 18:00 часот се сретнаат Рома и Интер.

Овој натпревар привлекуваше посебно внимание и затоа што Жозе Мурињо играше против „својот“ Интер со кој во 2010 година освои „триплета“. Можеби се очекуваше неизвесен натпревар, но Интер ја заврши работата уште во првото полувреме.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Резултатот беше отворен во 15. минута кога Чалханолгу постигна гол директно од корнер. Само девет минути подоцна, асистенција на Чалханоглу гол на Џеко за 2:0. Пред крајот на полувреме Думфрис се погрижи за високи 0:3, резултат кој се покажа и како конечен.

Во второто полувреме не гледавме многу шанси, се играше мирно, Интер играше мирно и ја контролираше ситуацијата на теренот. Со оваа победа Интер се враќа на -1 во однос на Милан кој претходно славеше со Салернитана. Милан има 38 бода, Интер 37, Наполи 36 на врвот на табелата.

Својот натпревар од ова коло Наполи го игра вечерва и тоа против Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …