Како што пренесува „Газета“ дефанзивецот постигнал договор со Интер и со „нероаѕурите“ ќе потпише договор на пет години.
„Газета Дело Спорт“ пишува дека Стефан Де Фрај му кажал „да“ на Интер со кој ќе потпише договор на пет години. Холанѓанецот на лето ќе биде слободен играч бидејќи му истекува договорот со Лацио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај, Интер Де Фрај се поврзуваше со Барселона и Ливерпул, но Манчестер Сити. Сепак судејќи според се тој ќе го облече дресот на Интер.
Де Фрај со Интер како што споменавме потпишува договор на пет години и ќе добива плата од 4.2 милиони евра по сезона, плус бонуси.
Холанѓанецот во Италија пристигна во 2014 година кога од Фејенорд направи трансфер во Лацио. Веќе некое време беше јасно дека нема да го гледаме на „Олимпико“ и наредната сезона, се поставуваше прашањето само каде ќе продолжи.
На крајот тоа ќе биде Интер, кој и долго време важеше како фаворит за неговиот потпис.
q